Home Актуелно Поради 7 неисплатени плати, над 40 вработни во ТВ Нова од Сеад Кочан бараат стечај

Поради 7 неисплатени плати, над 40 вработни во ТВ Нова од Сеад Кочан бараат стечај

Поради седум неисплатени плати досега, 43 сегашни и бивши вработени во Телевизија Нова, сопственост на Сеад Кочан, покренaле претстечајна постапка, објави Макфакс. 

Менаџментот неколку пати ветувал исплаќање на платите, но вработените од октомври досега немале земено ниту денар.

Дел од вработените велат дека се соочуваат со притисоци да потпишат спогодбен отказ, а неколкумина биле одјавени без воопшто да бидат известени.

Според вработените, во ТВ Нова влегле инспектори на трудовата инспекција и од Управата за јавни приходи. Тие додаваат и дека е „време државата да покаже дека ги штити работниците, не само на хартија, туку и на дело“.

Пред приближно еден месец беше отворена претстечајна постапка за ТВ Нова. Стечајот го покрена кабелскиот оператор „Роби Телекабел“, како еден од доверителите. Од менаџментот тогаш тврдеа дека кабелскиот оператор Телекабел спроведува цензура. ТВ Нова на Телекабел, за пренос на сигналот годишно му плаќала по 50.000 евра. Телевизијата веќе неколку месеци емитува стара програма.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…