Home Вебкафе Фрлањето од страна кое крена прашина: Сепак, регуларно изведен аут

Фрлањето од страна кое крена прашина: Сепак, регуларно изведен аут

Аутот кој го изведе фудбалерот на Рединг на вчерашниот натпревар против Кардиф предизвика многу коментари на друштвените мрежи, бидејќи навистина изгледаше дека е неправилно изведен.

Скоро сите светски медиуми пишуваа за тоа дека играчот на Рединг извел аут влегувајќи длабоко во терен, но стигна доказ дека се било регуларно и според правилата.

Аут линијата на стадионот во Кардиф се поклопила со сенката од трибините, а зад неа се наоѓа уште една бела линија која е причината за настанатиот хаос.

Дека се било регуларно покажува фотографијата од 10-та минута од натпреварот кога од истото место е изведен аут, но тогаш ја немаше сенката, па можеше да се заклучи дека се било според правилата.

Коментари
Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Долче фар ниенте: Како „ништо не правење“ може да биде најпродуктивната работа

Заборавете ја вината и препуштете се на чиста лењост — каде и да ве затекне летово, еве ка…