Home Актуелно Венеција ќе го блокира влезот во градот ако дојдат премногу туристи за празниците

Венеција ќе го блокира влезот во градот ако дојдат премногу туристи за празниците

Италијанскиот град Венеција постави привремени порти на два моста кои се наоѓаат на влезот на градот, со цел да го спречи преголемиот прилив на туристи.

Ваквите мерки ќе стапат на сила за време на четирите празнични денови, заклучно со вторик кога во светот се слави Празникот на трудот 1 Мај. Градската полиција денеска го следи доаѓањето на туристите и проценките се дека сè уште нема потреба да се затворат портите на градот.

Во венеција има далеку поголем број на туристи, од жители. Тесните улици за време на празниците се речиси непроодни.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…