Дали Ѓоковиќ страда од сериозно пореметување?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ испадна од форма и ја игра најлошата сезона откако стана професионалец во светот на тенисот.

Прв пат во 15 години во првите 10 мечеви во годината Ѓоковиќ нема повеќе победи во однос на порази. Во овој момент билансот е 5:5.

Познатиот швајцарски нутриционист Јург Хошли, кој има институт за нтурионистички дијагнози, тврди дека срспкиот тенисер е болен и под итно мора да го смени начинот на исхрана.

„Се сеќавам колку му се восхитував гледајќи го на теренот. Потоа слушнав за неговиот план да ја промени исхраната и веднаш се запрашав колку ќе издржи. И еве, веќе сите ги гледаме последиците. Тој боледува од орторексија, која се појавува поради наизглед здравата исхраната. Поради тоа Новак не е свесен какви последници диетата која ја спроведуваше носи за него“, тврди Јург.

Швајцарецот потоа детално зборуваше за дијагнозата.

„Ѓоковиќ беше на диета која подразбира избегнување на шеќери, но колку и тоа да делуваше добро, долгорочно е штетно за организмот. Со текот на времето спортистот чуствува замор се развиваат воспалувања, алергии, а паѓа и имунитетот…Не знам какви се неговите нуспојави, но луѓето кој е со соочуваат со ваквата болест повеќе се подложни на стрес и помалку спијат, а подоцна ќе можат да спијат само со помош на лекови. Може да доведе и до губење на поврзаноста со пријателите, паѓање во депресија и црни мисли“, објасни Хошли.