Home Актуелно ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ВО СКОПЈЕ: Малолетник прободел врсник со нож!

ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ВО СКОПЈЕ: Малолетник прободел врсник со нож!

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, поднесена е кривична пријава против Шеснаесетгодишно момче кое со нож го прободел својот соученик во стомакот во училишниот двор каде што и двајцата учат.

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против 16 годишен малолетник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

Според информациите од полицијата, на 10 април, годинава околу 13,00 часот во училишниот двор од средно училиште од Скопје по претходна вербална расправија со негов врсник Ф.Р. пријавениот со нож му нанел убодна рана во пределот на стомакот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…