Home Шоубизнис Mini Me ненадејно заврши во болница

Mini Me ненадејно заврши во болница

Актерот Верн Тројер, најпознат по улогата во филмовите за Остин Пауерс, беше примен во болница во Лос Анџелес, пренесува ВВС.

Во понеделникот вечерта било повикано противпожарна екипа во неговиот дом, а актерот завршил во болница. Неговиот тим на Инстаграм објави дека Верн „ја има најдобрата можна болничка нега“, но не е објаснето поради што завршил во болница.

A post shared by Verne Troyer (@vernetroyer) on

Според известувањето од TMZ, актерот е задржан во болница на 72-часовно набљудување и следење на состојбата.

Минатата година, овој период, Верн заврши во болница поради зависност од алкохол.

„Во минатото се борев со алкохолизмот. Иако таа битка воопшто не е лесна, имам волја и желба да продолжам да се борам секој ден“, изјави тогаш Верн.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

„Секогаш беше насмеан“: Блиските се сеќаваат на Чарлс Харисон, чија сопруга е обвинета за убиството на него и нивниот син

Поранешната професорка на Чарлс Харисон го памети како воспитан и секогаш насмеан, а негов…