Home Актуелно Поради пад на откупните цени на зелките, штрајк на земјоделците од Муртино

Поради пад на откупните цени на зелките, штрајк на земјоделците од Муртино

Незадоволни од манипулациите од страна на трговците и падот на откупните цени на зелките, земјоделците од Муртино го изразија својот револт преку штрајк и блокади.

Звукот на селската камбана во Муртино ги мобилизраше земјоделците од ова село. Откупната цена на зелката од 30 паднала на 25 денари за килограм. Се собраа сред село за да протестираат оти трговците манипулирале со откупните цени.

Производителите на зелка од Муртино во знак на револ го блокираа пристапот на еден откупен пункт. Тврдат дека откупувачите не се придржувале кон договоренот откупната цена до Велигден да биде 30 денари за килограм.

Откупувачите не сакаа јавно да кажат зошто паѓа откупната цена на пролетната зелка, но истакнуваат дека работат согласно принципите на пазарната економија. Немало голема побарувачка од странските пазари за да се одржува половина евро по килограм. Дел од нив најавија дека во наредниве денови нема да вршат откупш оти немало интерес од странските партнери.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…