Home Шоубизнис Рајан Рејнолдс во трејлерот за Deadpool 2 вметна „чиста порнографија“ од својата сопруга

Рајан Рејнолдс во трејлерот за Deadpool 2 вметна „чиста порнографија“ од својата сопруга

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли со години се „тролаат“ еден со друг во јавност. Иако се среќен брачен пар, тие ја користат секоја прилика за да си прават сплети и шеги еден на друг и тоа не бирајќи време и место – од родендени, доделувања на награди, а еве очигледно, и во трејлери за нивните филмови.

Рајан Рејнолдс го заврши снимањето на Deadpool 2, а во најавното видео за филмот едноставно мораше некако да ја спомене својата жена. Така, неговиот лик во една од репликите вели: „Да се прави правилната работа понекогаш е неуредно, но, ако сакате да се борите за она што е добро, понекогаш мора да се борите валкано. Поради тоа Sisterhood of the Traveling pants се чиста порнографија“.

Потсетуваме, улогата во тој филм е една од првите и најпознати улоги на неговата сопруга. Филмот, во кој покрај неа глумат и Америка Ферера, Амбер Тамблин и Алексис Бледел, е снимен во 2005 година, а неговото продолжение во 2008 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Кои водители на Фокс њуз имаат најголемо богатство во 2026 година?

Меѓу сегашните и поранешните телевизиски лица на Фокс њуз има и такви што стекнале огромно…