Home Актуелно Пуштени, па пак уапсени: Обвинетите за крвавиот четврток повторно во притвор

Пуштени, па пак уапсени: Обвинетите за крвавиот четврток повторно во притвор

Доцна синоќа, после полноќ, дел од обвинетите лица за одговорност во крвавиот четврток на 27 април, минатата година, повторно беа уапсени, откако претходниот ден беа пуштени да се бранат од слобода., пренесува Фокус.

Ваквиот чекор следува по вчерашното поднесување на обвинителни акти од страна на Обвинителството за организиран криминал и корупција, со кое повторно се побара продолжување на мерките притвор и куќен притвор. Обвинителството соопшти дека 28 лица се обвинети за „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, а двајца се гонат за „Помагање“, за истото кривично дело, за што е предвидена најмала затворска казна од 10 години.

Според засега неофицијални информации, ноќеска повторно биле уапсени Митко Чавков екс-министер во МВР и директор на БЈБ, Душко Лазаров началник на ЈРМ, Митко Пешов началник на гранична полиција, и две лица од Собраниското обезбедување Поповски и Ѓошевски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…