Постои поврзаност помеѓу траењето на секоја врска и околината во која се наоѓаме


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Некогаш е тешко да се процени дали некој пар ќе биде заедно на долги стази или се работи за кратка врска.

Луѓето различно се однесуваат кога е во прашање љубовта и секој има свои преференции. Сепак, од неодамна се утврди дека има поврзаност околината и начинот на живот, со траењето на врската, пишува Бастл.

Интересен експеримент

Ова истражување открива дека различна околина влијае на тоа дали ќе имате кратка или долга врска. Па така богатите луѓе имале пократки врски, и такви преферирале. Испитани се 151 хетеросексуални жени и мажи, кои добиле 50 фотографии од потенцијални партнери. И за секој од нив требало да кажат дали сакаат кратка или долга врска со нив.

Потоа добиле фотографии со луксузни работи како скапи автомобили, накит и пари. Ги замолиле да ги погледнат првите фотографии и повторно да кажат. 16% од нив се премислиле и одбрале кратка врска. Кога ќе им се покажело слика со пари, тие сакале кратка врска, додека пак слика со дете се одлучувале за долга врска.

Научниците имаат објаснување за ова однесување: „Не сакаат сите долга врска. Нивните преференции зависат од околината. На пример колку е тешко да се огледува дете како самохран родител кога имате средства за тоа и кога немате. Кога им било понудено да одгледуваат деца со сите задоволени желби тие одбрале да одгледуваат без родител.“ Вели предводникот на истражувањето д-р Андреј Г. Томас.