Home Актуелно Еве ги реакциите на Сириза и Нова Демократија за протестот во Солун

Еве ги реакциите на Сириза и Нова Демократија за протестот во Солун

Коментар за граѓанскиот протестен собир во Солун за „одбрана на името Македонија“, на кој според извештајот од грчката полиција, присуствуваа околу 90.000 граѓани, дадоа двете најголеми грчки политички партии.

Владата дејствува тајно и е неспособна да ги одбрани националните интереси, вели Кирјакос Мицотакис, претседателот на грчката опозициска партија Нова демократија коментирајќи го вчерашниот протест во Солун.

Од владејачката СИРИЗА, преку соопштение коментираат дека никој не го оспорува правото на граѓаните да учествуваат во протести, но и дека не е спорно дека на протестот учествуваа граѓани што немаат никаква врска со радикалната десница.

Сепак, потенцираат дека на собирот доминирале елементи на фанатизам, национализам и нетолеранција со забележливо присуство на Златна зора.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…