Home Спорт Јоаким Лев веќе прави планови за Реал – ќе формира трио „ДНК“

Јоаким Лев веќе прави планови за Реал – ќе формира трио „ДНК“

Реал Мадрид оваа сезона игра под сите очекувања, веќе заостанува 19 бода зад Барселона, па јасно е дека на лето „кралевите“ ќе прават голема реконструкција на тимот.

Лошите резултати го запалија алармот на „Сантиаго Бернабеу“, атмосферата во соблекувалната е далеку од идеална, а се почести се шпекулациите дека Роналдо сака да го напушти клубот.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Флорентино Перез одлучил да му даде отказ на Зинедин Зидан на крајот на сезоната и веќе е во потрага по негов наследник.

Како што пренесува „Марка“ прва желба на претседателот е германскиот стратег Јоаким Лев. Перез е спремен да го чека Германецот додека не помине Мундијалот, па после тоа Лев да го преземе кормилото на „кралевите“.

Притоа, ведникот кој е близок до Реал Мадрид тврди дека Лев и Перез веќе имаат планови за следната сезона!

Готово е сигурно дека Карим Бензема ќе го напушти Реал на лето, исто како и Герет Бејл. Што се однедува до Роналдо, иако се шпекулира, Лев ќе се обиде да го задржи Португалецот на „Сантиаго Бернабеу“.

Реал Мадрид е спремен на лето да направи ново напаѓачко трио, а на листата желби се Хари Кејн, Пауло Дибала и најголемата желба на Перез, Нејмар.

Поради тоа најверојатно од следната сезона ќе гледаме ново напаѓачко трио во Реал, „ДНК“ – Дибала, Нејмар, Кејн.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…