Home Актуелно Претседателот на собранието им го честита Божиќ на католиците

Претседателот на собранието им го честита Божиќ на католиците

Претседателот на собранието, Талат Џафери им го честита големиот христијански празник, Христовото раѓање – Божиќ на припадниците на Католичката вероисповед.

„Овој голем христијански празник и претстојните празнични денови, нека донесат добра мисла, спокој и единство за сите! Радоста што овие денови ја носат, споделете ја со најблиските и нека овие денови бидат исполнети со многу среќа, здравје и благосостојба во вашите домови. Сите заедно, сплотени, да се стремиме кон подобра иднина за сите граѓани на Република Македонија.

Уште еднаш, на сите кои го прославуваат Рождеството Христово според Грегоријанскиот календар, им посакувам радост и среќа во текот на целата година“ напиша Џафери во честитката до припадниците на Католичката црква.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…