Home Спорт Реал даде зелено светло: Бејл заминува од „Сантиаго Бернабеу“

Реал даде зелено светло: Бејл заминува од „Сантиаго Бернабеу“

Иднината на Герет Бејл во Реал Мадрид е неизвесна, а шпанските медиуми пренесуваат дека раководството на „кралскиот“ клуб дало зелено светло за негова продажба.

Најскапиот фудбалер во историјата на Реал Мадрид, иако за петте сезони во Реал освои три титули во Лигата на шампионите и една во Ла Лига, Бејл не ги оправда очекувањата, пред се поради големиот број повреди.

Медиумите во Шпанија тврдат дека раководството на клубот му дало дозвола да преговара со заинтересираните клубови, па на крајот на сезоната ќе може да ја промени средината.
Прв фаворит за неговиот потпис е Манчестер Јунајтед, а Мурињо и минатото лето сакаше да го донесе на „Олд Трафорд“.

„Кралевите“ за неговата слобода бараат 90 милиони евра и веќе започнаа потрага по негова замена, а прв фаворит за да го замени Велшанецот е Мохамед Салах од Ливерпул.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…