Home Актуелно Граѓаните се жалаат: Обиени сефови во Шпаркасе банка

Граѓаните се жалаат: Обиени сефови во Шпаркасе банка

Неколку граѓани пријавиле во полиција дека од сефови што ги изнајмиле во „Шпаркасе банка“ им биле украдени предмети и пари.

МВР известува дека е спроведена истрага, а исто така е известен и Јавен Обвинител. Истрагата е во тек, а со соопштение до граѓаните наскоро.

Банката соопштува дека превземени се сите мерки за заштита на интересите на клиентите.

„Шпаркасе Банка Македонија продолжува регуларно да ги извршува активностите во доменот на сефовското работење согласно поставените интерни процедури и законските прописи. Банката ги преземa сите мерки за да ги заштити интересите на клиентите и да ги опслужува со висока професионалност “, стои во сопштението на „Шпаркасе банка“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…