Home Актуелно Втор претседателски мандат за Пахор во Словенија

Втор претседателски мандат за Пахор во Словенија

Актуелниот претседател на Словенија, Борут Пахор победи на вчерашниот втор круг од претседателските избори, со што освои втор мандат на функцијата шеф на словенечката држава, покажуваат првичните нецелосни изборни резултати.

Шарец веќе го призна изборниот пораз и му честиташе на Пахор на освојувањето на вториот претседателски мандат.

Пахор, кој е поранешен лидер на партијата Социјални демократи (СД) и беше словенечи премиер од 2008 до 2012 година, на овие избори настапи како независен кандидати.

Шарец, пак, кој е поранешен член на либералната партија Позитивна Словенија на љубљанскиот градоначалник Зоран Јанковиќ, на претседателските избори настапи како кандидат на неговата партија Листа на Марјан Шарец (ЛМШ).

Во првиот круг од претседателските избори одржаби пред две недели, како што јави МИА, Пахор освои 47,21 отсто од гласовите, а Шарец 24,76 проценти.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…