Home Спорт Фатен на дело: Фелаини преговара со ПСЖ

Фатен на дело: Фелаини преговара со ПСЖ

Британскиот весник „Сан“ го шокираше „црвените ѓаволи“ откако го улови Маруан Фелани како излегува од еден хотел каде имаше средба со претставници на еден европски гигант.

Станува збор за Пари Сент Жермен чии претставници допатуваа во Брисел и остварија средба со ѕвездата на Манчестер Јунајтед.

На средбата Фелаини пристигнал со автомобил „Мерцедес Смарт“, не сакал да зборува со новинарите, туку само влегол во хотелот. Весникот тврди дека имал средба со челниците на ПСЖ и дека постигнал договор за трансфер во Париз.

Фелаини се уште нема започнато преговори со Манчестер Јунајтед за продолжување на сорабоката, но „Сан“ тврди дека набрзо ќе побара трансфер.

Од друга страна Пари Сент Жермен е во потрага по квалитетен играч за врска и во Фелаини гледа идеална замена за Тиаго Мота, кој ја игра последната година за „светците.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…