Home Актуелно Шести локални избори во Македонија: 260 кандидати за градоначалници и 6.627 за советници

Шести локални избори во Македонија: 260 кандидати за градоначалници и 6.627 за советници

На шестите локални избори во Македонија што се одржуваат денеска учествуваат кандидати за градоначалници и за советници од 19 партии и коалиции, а 64 се од групи избирачи. Пријавени се 260 кандидати за градоначалници и 6.627 кандидати за членови на советници на 327 листи.

Листите на кандидати за членови на совет и листите на кандидати за градоначалник, кои се поднесени од ист подносител, ќе имаат ист реден број во сите општини.

Во трката за градоначалник на Град Скопје се осум кандидати, а поднесени се девет листи за советници. Кандидат за градоначалник на главниот град од Коалицијата предводена од СДСМ е Петре Шилегов, а од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е актуелниот градоначалник Коце Трајановски. Кандидат на Левица е Марија Џонс, на ТМРО Ванчо Шехтански, на ДПА Беким Фазлиу, на БЕСА Нафие Селмани, на Алијанса на Албанците Наим Најрами и на НДМ Ѓорѓи Тодоров. Советнички листи за Град Скопје имаат поднесено коалициите на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ и Левица, како и ТМРО, ДУИ, ДПА, БЕСА, Алијанса за Албанците и НДМ.

Шестите локални избори во Македонија се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…