Home Актуелно И Македонија е дел од Нобеловата награда за мир

И Македонија е дел од Нобеловата награда за мир

И Македонија е дел од Нобеловата награда за мир за 2017 година која ја доби меѓународната кампања за отфрлање на нуклеарното оружје ICAN, коалиција од невладини организации во повеќе од 100 земји, пренесува „Макфакс“.

Невладината организација „Новинари за човекови права“ од Македонија е дел од работата на 468-те организации кои успеаја да придонесат оваа година Нобеловата награда за мир да дојде во вистински раце.

„Наградата ја добивме за десетгодишните напори во борбата за забрана на нуклеарното оружје. Ова е втора Нобелова награда за НЧП, по првата од 1997 година за борбата против нагазните мини. Коалицијата чие име на англиски ICAN (Јас можам) официјално започна со работа во 2007 година во Австралија денес соработува со 468 невладини организации во 101 држава, а Новинари за човекови права се дел од регионалната канцеларија на ICAN Југоисточна Европа, со седиште во Белград и ги опфаќа Србија, БиХ, Македонија, Албанија, Косово и други“, вели Филип Спировски од НЧП.

Наградата претставува заеднички влог на сите нејзини учесници кои изминативе десет години неуморно работеа на подигнување насвеста за злото што го носи нуклеарното оружје. „Тоа резултираше со донесување на Договор за забрана од ОН, а чие потпишување започна на 20 септември оваа година. Македонија сè уште го нема потпишано овој договор“, додава Спировски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…