Home Шоубизнис Сакале или не, тој е најследениот светски политички лидер на Твитер

Сакале или не, тој е најследениот светски политички лидер на Твитер

Со речиси 40 милиони следбеници американскиот претседател Доналд Трамп изби на првото место на листата со најследени светски лидери на социјалната мрежа „Твитер“, соопшти њујоршката компанија за односи со јавност и комуникации „Барсон-Марстелер“ врз основа на податоците на својата листа со светски лидери.

Трамп стана најследениот светски лидер на „Твитер“, надминувајќи го дури и папата Франциско по бројот на следбеници, додава компанијата.

Тој се најде на листата со околу 890 профили на светски лидери, како што се шефови на држави и влади, а врховниот поглавар на Римокатоличката црква има значително мал број следбеници на сите јазици, наведува компанијата што се занимава со анализата – „Твитпломатија“ – користење на социјалната мрежа за јавна дипломатија, пренесе АП.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …