Home Актуелно Коѕиас до Нимиц: Спорот е околу името, јазикот, државјанството и кратенките

Коѕиас до Нимиц: Спорот е околу името, јазикот, државјанството и кратенките

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, вчера оствари средба со медијаторот Метју Нимиц, во Њујорк.

Според грчката новинска агенција АПЕ, состанокот со македонскиот министер за надворешни, Никола Димитров, Коѕиас го карактеризирал како особено пријателски, а разговарале за начините за пристап за решение на проблемот со името, преземање на одредени мерки за справување со иредентизмот и недовербата од двете страни со организирање на средби на експерти за правни теми, историја и школски учебници.

Според Коѕиас, името и употребата, јазикот, државјанството и кратенките се деловите на спорот за името.

Во Атина опозициската Нова демократија продолжува со обвинувањата до грчката Влада, меѓу другото и за прашањето за името.

Јоргос Кумуцакос го искористи спорот со Македонија како пример дека во Владата постојат две парламентарни мнозинства и дека за одредени прашања нема единствена и заедничка позиција.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…