Home Актуелно Утрово во Куманово уапсен Игор Југ кој досега беше во бегство

Утрово во Куманово уапсен Игор Југ кој досега беше во бегство

Изутринава во Куманово е уапсен Игор Југ, еден од групата која за време на „крвавиот четврток“ насилно влезе во Собранието, каде беа физички нападнати и повредени дел од пратениците.

Нему му беше одреден притвор, но досега беше во бегство. Во текот на денот се очекуваат повеќе детали од МВР во врска со настанот.

Тој беше посочен дека носел пиштол за време на настаните на 27 април во Собранието и кој според српскиот разузнувач Горан Живаљевиќ требал да го убие лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Игор Југ неодамна се огласи на неговиот Фејсбук профил каде напиша:

Ако сум сакал некого да убијам, зошто не сум го убил? Кој можеше да ме спречи? Можев со раце да удавам некој ако сакав, таму бевме 200 на 1!! Јас ли треба да бидам жртвено јагне у оваа ситуација!“

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…