Home Живот и здравје Помалку привлечните мажи се подобри сопружници

Помалку привлечните мажи се подобри сопружници

Резултатите од новата студија која е спроведена од страна на Универзитет во Флорида и Тексас, покажаа дека жените кои се во врска со помалку атрактивни мажи, имаат поуспешни врски.

Во студијата биле испитани 113 хетеросексуални брачни парови, кои имале од 25 до 30 години. Испитаниците одговориле на бројни прашања, како за навиките во исхраната, така и за нивната физичка активност. Истражувачите исто така ги фотографирале брачните парови, и ги рангирале според физичкиот изглед.

Резултатите покажале дека мажите кои се оценети како помалку атрактивни, се труделе повеќе да му удоволат на своите жени. Исто така им помагале и во куќните работи, а се покажале подобри и во спалната соба.

Од друга страна пак, атрактивните мажи им обрнувале помалку внимание на своите жени, и трошеле повеќе време на својот физички изглед.

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Дилеми околу оралниот секс

Што ако не ми се допаѓа да пружам орален секс? Можеби сте имале непријатно искуство? Дали …