Home Вебкафе Пет машки и пет женски кралски имиња за деца кои се безвременски популарни

Пет машки и пет женски кралски имиња за деца кои се безвременски популарни

Иако трендот на имиња на деца постојано е менува, има неколку од нив кои се секогаш популарни. Тие не припаѓаат на ниту едно време, едноставно се безвременски.

Ова се петте женски и машки имиња кои и денес родителите им ги даваат на своите деца, а се инспирирани од историјата.

Девојчиња:

Софија

Ова е едно од најпопулрните имиња за девојчињата, а значењето на зборот доаѓа од грчкиот збор што значи мудрост. Софија е еднакво популарно име и многу принцези и кралици го имале ова име.

Изабела

Убаво име од еврејско потело, што значи „посветена на бога“. Ова име го носеле многу владетеки од францускиот, италијанскиот, португалскиот и англискиот двор. Изабела во различни варијатни го среќаваме и кај светските писатели Вилијам Шекспир, Џејн Остин, Емили Бронте.

Елизабета

Ова е сигурно најпопуларното кралско име за девојчиња.

Катарина

Ова ими се врзува за една од првите христијански светици – Катарина од Александрија. Значењето на ова име се поврзвува со поимот невина, неизвалкана. Повеќе светски јазици имаат варијанта на ова име кое најмногу го прославила Катарина Велика.

Викторија

Викторија е латинско име за победа, а во римската митологија е божица на победата и освојувањето.

Момчиња:

Александар

Најпознат носител на ова име е секако Александар Велики. Ова име значи и заштитник на луѓето.

Филип

Ова е името на таткото на Александар Велики, но и име на шпански и француски кралеви. Многу светски јазици имаат варијации на ова име. На грчки Филип значи „љубител на коњи“.

Хенрик

Ова име во европските јазици има многу варијации уште од средниот век, а нив историјата го делеле германски, англиски и француски владетели. Дури осум англиски кралеви се викале Хенрик. Неговото значење е владетел на куќата.

Петар

Најпознат Петар е Петар Велики. Името на грчки јазик означува карпа, камен.

Томислав

Значењето на ова име произлегува од арамејскиот збор што означува близнак.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…