Home Актуелно Под границата меѓу САД и Мексико откриен тунел за шверц на луѓе

Под границата меѓу САД и Мексико откриен тунел за шверц на луѓе

Властите на американската сојузна држава Калифорнија открија подземен тунел кој Мексиканците го користеле за шверцување луѓе преку границата меѓу и Мексико и САД.

Се работи за грубо ископан тунел кој вчера го откриле агенти на американската погранична патролна служба, недалеку од граничниот премин Отај Меса во Сан Диего.

Како што пренесува агенцијата АП, тие го опишале тунелот како дупка во земјата во кој се наоѓале дрвени скали.

Весникот „Сан Диего јунион трибјун“ наведува дека во моментот кога пристигнале агентите, на местото забележале група мажи и една жена кои се разбегале, додека некои пробале да се вратат во тунелот.

Дваесет и двајца државјани на Кина и 7 државјани на Мексико се уапсени поради сомнение дека илегално ја минале границата на САД.

Локалните власти тврдат дека тунелот можеби се надоврзува на друг тунел кој претходно го откриле мексиканските власти, наведува агенцијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…