Home Актуелно Од полноќ нови цени на горивата, еве ги ценовните корекции

Од полноќ нови цени на горивата, еве ги ценовните корекции

После редовното двонеделно следење на параметрите предвидени со методологијата за формирање на цените на горивата кај нас, регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија одлучи тие да поевтинат, во просек за 0,25 насто.

Со други зборови (поточно бројки) кажано, малопродажните цени на еуросупер БС95 и на еуродизел Д Е V не се менуваат и тие и понатаму ќе изнесуваат 62, односно 48 денари за литар, додека цена на еуросупер БС98 се зголемува (да, добро прочитавте) за 0,50 денари и ќе изнесува 64 денари за литар. Прецизната математика на регулаторната комисија објаснува дека до ваквите корекции е дојдено заради зголемувањето на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период за 0,33 насто, намалувањето на курсот на доларот за 0,593 насто, зголемувањето на референтната цена на бензинот на светските берзи за 0,43 насто и нејзиното намалување кај дизелот за 0,73 насто заради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветното прилагодување.

Кога сме веќе кај структурата на цените на горивата, ќе наведеме дека од утре од нашите 62 денари за литар бензин 95 рафинеријата ќе добие 25,961 денар, сопствениците на бензинските пумпи 3,2 денари како маржа плус половина денар за транспортни трошоци, а остатокот од 32,339 денари ќе отиде на сметката на државата, најмногу за акцизи (21,911 денари) и ДДВ (9,458 денари). Кај дизелот рафинериската цена изнесува 24,317 денари, маржите на трговците и транспортерите се исти, а за државата остануваат 19,983 денари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…