Home Актуелно Од вечерва заладување и дожд

Од вечерва заладување и дожд

Денеска ќе биде топло и сончево, но во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста, а кон крајот на денот и ноќта кон понеделник, оваа облачност ќе биде проследена со локален пороен дожд и грмежи.

Позначителна промена на времето се очекува во понеделник кога ќе преовладува променливо облачно, ветровито и свежо време со локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Во западните делови на некои места можни се поинтензивни врнежи. На повеќе места ќе дува засилен северен ветер, особено попладне и ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура за околу 10 степени, која ќе биде во интервалот од 20 до 29 степени.

Од вторник времето ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…