Home Актуелно Продолжува собраниската расправа за разрешување на Зврлевски

Продолжува собраниската расправа за разрешување на Зврлевски

Барањето за разрешување на Зврлевски, за пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, е неосновано и неаргументирани. Тие се повикуваат на членот 8а од Изборниот законик…

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи расправата за разрешување на јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлески.

Барањето за разрешување на Зврлевски, за пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, е неосновано и неаргументирани. Тие се повикуваат на членот 8а од Изборниот законик со кој, како што велат, е истакнато дека сите постапки за назначување и разрешување функционери не смеат да се случуваат кога се објавени избори.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев на вчерашната седница повтори дека пратениците на СДСМ нема да учествуваат, како што рече, во бесмислена расправа што ја водат пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Предлогот за разрешување на Зврлевски е поднесен од Владата поради, како што се наведува во образложението, незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата, јавува МРТ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…