Home Шоубизнис Селена му се враќа на филмот со улога во новиот филм на Вуди Ален

Селена му се враќа на филмот со улога во новиот филм на Вуди Ален

Популарната американска пејачка Селена Гомез изминатата една година ја помина снимајќи нови песни, спотови, дизајнирајќи колекција на торбички, продуцирајќи серии.

Но, бившата Дизни ѕвезда одлучи дека е време за малку враќање на старите патеки и филмската глума, па во тој фазон се враќа со улога во филмот на познатиот режисер Вуди Ален.

Иако уште не е позната содржината на новиот филм од Вуди, како ни комплетната актерска екипа која ќе биде дел од истиот, медиумите пренесуваат дека во филмот, покрај Гомез, ќе се појават и Тимоти Каламет и Ела Фанинг.

Селена не можеше да даде повеќе информации за улогата, за инфото за враќање во филмските и актерски води го откри во текот на емисијата во која фановите можеа да ја прашаат било што, а која се емитува на iHeartRadio.

Чисто заради потсетување, последните филмски улоги на Селена беа во филмовите Spring Breakers, The Fundamentals of Caring, Behaving Badly и Getaway.

Последниот филм кој го сними Вуди Ален беше Cafe Society, а наскоро се очекува и премиера на неговиот нов филм Wonder Wheel, на њујоршкиот филмски фестивал во октромври оваа година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …