Home Актуелно Два силни потреси во Кина: 7 и 6,5 степени по Рихтер го тресеа Сечуан, евакуирани 30.000 туристи

Два силни потреси во Кина: 7 и 6,5 степени по Рихтер го тресеа Сечуан, евакуирани 30.000 туристи

Во најновиот земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтер што го погоди централниот дел на Кина загинаа најмалку 13 луѓе од кои шестмина туристи, а 175 се повредени.

Од планинскиот дел на покраината Сичуан по првиот земјотрес со јачина од 6,5 степени евакиуранис е над 30.000 туристи.

Стравувањата се дека во земјотресот загинале најмалку 100 луѓе, а над 1.000 се повредени, јавуваат агенциите.

Епицентарот на потресот бил на 200 километри северозападно од Џуџангоу, во провинцијата Сичуан, на длабочина од 32 километри.

Според Американскиот геолошки институт земјотресот погодил слабо населена област.

Во тек е акција на извлекување на преживеаните под урнатините во која се вклучени 600 пожарникари.

Областа погодена од земјотресот е под заштита на УНЕСКО, и е популарна туристичка дестинација позната по езера. СПоред агенцијата Ксимхуа во моментот во паркот имало 38.000 луѓе.

Во земјотресот во Сичуан во 2008 загинаа речиси 70.000 луѓе.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…