Заев: Со законот се унапредува употребата на јазиците на сите заедници


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Премиерот Зоран Заев и заменик претседателот на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор Хазби Лика денеска во Охрид ја образложија потребата од донесување на предлог законот со кој албанскиот де факто станува втор службен јазик на целата територија на Македонија (прочитајте овде).

Со Законот за употреба на јазиците ја унапредивме употребата на јазиците на сите заедници. Сите одредби во законското решение се согласно Член 5 од Уставот. Пакетот го праќаме на усвојување во парламентот, а потоа откако ќе биде усвоен, го праќаме на венецијанската комисија, изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција во Охрид, јавува ТВ21.

„Со Законот ќе се прошири употребата на службениот јазик што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните, што значи дека во институциите, граѓаните ќе говорат на свој јазик“, рече Заев.

Прв јазик за службена употреба е македонскиот со неговото Кирилично писмо.

Законот за употреба на јазиците беше усвоен на синоќешната владина седница, а откако ќе се усвои и во Собранието, ќе биде доставен до Венецијанската комисија заедно со отворените прашања кои не се дел од него. Комисијата ќе треба да даде мислење за пакетот законски решенија, потврдија од Владата.

Во јавноста уште од вчера излегоа информации дека во законот ги нема двојазичните банкноти и хартии од вредност, како и двојазични амблеми на војската и полицијата во општините каде 20 отсто од населението е од албанска националност. Овие се дел од отворените прашања за кои ќе треба да решава Венецијанската комисија, пишува ТВ21.