Home Вебкафе „Страшно, не знаеш кој се крие под тоа“: Цел свет ги исмева радикалните десничари поради овие фотки

„Страшно, не знаеш кој се крие под тоа“: Цел свет ги исмева радикалните десничари поради овие фотки

На норвешките десничари им се смее цел свет, а нивните истомисленици умираат од срам.

На затворена Фејсбук група со име Federlandet viktigst, еден корисник објави фотографија со прашање: „Што мислите за ова?“.

„Ова е страшно. Би требало да се забрани. Никогаш не знаеш кој е под тоа. Можат да бидат вооружени терористи. Избркајте ги од земајта. Во страшно време живееме. Мислев дека вака ќе изгледа 2050 година, но се случува сега“, се само некои од „загрижените“ коментари на корисниците.

Мал проблем е тоа што фотографијата за која тврдат дека ја докажува „стравичната исламизација на Норвешка“, всушност, не е ништо друго туку фотографија со неколку празни седишта.

Реакцијата стана вирална откако Синдер Бејер направи „скриншот“ од содржината и јавно ја сподели на Фејсбук.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Трејлерот за третата сезона на „Еуфорија“ конечно е објавен – еве што сè се знае досега

Росалија ќе се појави во гостувачка улога, а култната ХБО драма се враќа поцрна, позрела и…