Утре прскање против комарци во Скопје


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе изврши прскање од земја против комарци во периодот од 7 до 17 часот. Со оваа дезинсекција ќе бидат опфатени стоечките водни површини во градот Скопје и во неговата околина.

Од градот информираат дека доколку временските услови не го дозволуваат тоа, прскањето ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни. Се повикуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита.