Home Актуелно Најдобрите студенти по информатичка технологија Хуавеи ги праќа на студиска посета во Кина

Најдобрите студенти по информатичка технологија Хуавеи ги праќа на студиска посета во Кина

Компанијата „Хуавеи“, во рамки на програмата „Семиња за иднината“, на петте најдобри студенти во областа на информатичките технологии и телекомуникации им овозможува студиска посета во Кина.

На доделувањето на ваучерите ќе присуствуваат министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, менаџерот на „Хуавеи“ во Македонија, Зхоу Јиадон, и амбасадорката на Кина во Македонија, Јин Лисијен. Со цел намалување на јазот на знаењето и промовирање на индустрискиот развој, македонската Влада изрази подготвеност да ја поддржи програмата за 2017 година.

Петте најдобри студенти ќе имаат можност да присуствуваат на демонстрацијата на најновата ICT технологија, да учествуваат во работилници каде што се сретнат со високи извршни директори и експерти од Хуавеи.Исто така, ќе посетат и часови по кинески јазик, кинеско сликање и калиграфија.

Изборот на студентите беше јавно објавен со допис до универзитетите и објавен на страната на Министерството. Програмата во Македонија се реализира по вторпат.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…