Дојранчани кажаа гласно „НЕ“ за рудникот во Казандол


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жителите на Дојран вчера на локален референдум се изјаснија против продолжување со работа на рудникот во Казандол, како и против отворање на нови рудници на територијата на општината

Над 95 отсто од излезените гласачи се изјасниле дека, се против отворање на нови рудници на територијата на општината, односно, да не се отвора рудник во Башибос и Бајрамбос, две села коишто се лоцирани над самото Дојранско Езеро. Жителите исто така се изјаснија дека се против продолжување со работа на рударскиот комплекс „Казандол“ во општина Валандово.

Од општинската изборна комисија во Дојран потврдија дека, референдумот е успешен. Резултатите од локалниот референдум во Дојран, треба да ги верификува Советот на општината и истите ќе бидат доставени до Владата и ресорните министерства.