Home Живот и здравје Откажувањето на алкохолот без професионална медицинска помош може да е опасно по живот

Откажувањето на алкохолот без професионална медицинска помош може да е опасно по живот

Алкохоличарите кои се обидуваат да ја победат својата зависност без професионална медицинска помош, можат да се доведат до многу смртоносна состојба, тврдат лекарите.

„Симнувањето од опијати е комплицирано, но од медицинска страна не претставува итен случај. Но кога е во прашање алкохолот, нагол прекин медицински и психички е многу опасно” – тврди др. Џеф Футе, еден од основачите на њујоршкиот Центар за мотивација и промена.

Тешките алкохоличари, во текот на процесот при „симнување”, можат да го доживеат она што лекарите го нарекуваат делириум тременс. Симптомите на таа состојба вклучуваат тресење, збунетост и халуцинации. Бидејќи мозокот кај таквите луѓе е зависен од супстанци, прекинот на алкохолот е многу екстремна реакција, еднаква на откажување на органи.

„Медицинска интервенција е неопходна поради тоа што докторите постепено ја дозираат терапијата и примената на лековите, за да овозможат на организмот безбедно да се ослободи од зависноста. Бидејќи дрогата и алкохолот имаат слични ефекти, кај тешките зависници, лекарскиот надзор е неопходен” – вели Футе.

Околу 15 милиони луѓе во САД се борат со алкохолизмот. Од тие кои се обидуваат да прекинат со пиењето на своја рака, само половина од нив успеваат.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Работи за кои не сте ни свесни сè додека не добиете бебе

Работи за кои не си свесен додека не добиеш бебе Без оглед на сите подготовки, секогаш пос…