Home Вебкафе Си го украде точакот од кај крадецот кој, откако ѝ го дрпнал, го продавал на Фејсбук

Си го украде точакот од кај крадецот кој, откако ѝ го дрпнал, го продавал на Фејсбук

Велосипедистката Џени Мортон-Хемфрис успеа да си го врати својот украден велосипед откако забележала дека разбојникот кој ѝ го украл го продава на Фејсбук. Дека велосипедот е пуштен на продажба, Џени забележала неколку часа после кражбата.

Откако побарала помош на Фејсбук страницата на која се разменуваат информации од страна на велосипедистичката заедница дека велосипедот ѝ е украден, корисникот кој забележал дека истиот е на продажба и се понудил да договори средба меѓу неа и крадецот. Иако полицијата ја советувала да не оди сама на договорената средаба, Џени одлучила да оди по својот велосипед додека некој не го купил.

„Се преправав дека сум заинтересирана и поставував глупави прашања. Му реков дека е превисок за мене и прашав дали може да седнам на велосипедот и да го испробам. Се погрижив да не носам ништо со мене, освен кутија цигари и клучеви кои ги држев во раце. Го замолив да ми ги причува, тој го пушти велосипедот, па јас му ја дувнав и пробував да вртам што е можно побрзо“, раскажува таа.

Се изненадила кога, откако си дошла дома, видела дека нејзиниот велосипед е во подобра состојба отколку што бил откако ѝ го украле.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…