Home Актуелно Уругвај станува првата држава каде што ќе се продава марихуана за рекреативни цели

Уругвај станува првата држава каде што ќе се продава марихуана за рекреативни цели

Уругвај денеска ќе стане првата држава во светот каде марихуаната за рекреативни цели ќе биде под контрола на државата и ќе се продава во аптеките.

Само 16 аптеки во цела земја со население од 3,4 милиони луѓе ќе продаваат марихуана откако властите не успеаа да се договорат со големите фармацевстки компании.

Марихуаната ќе се продава за 1,30 долари по грам, а секое лице кое претходно е запишано на листата на потрошувачи, ќе има право да купи максимум 10 грама неделно.

Продажбата на марихуана во аптеките е согласно Законот од 2013 година донесен од претседателот Хозе Мухика, според кој може да се одгледува канабис на три начини: Одгледување во домот или во кооперативи за лична употреба, што веќе се применува. А, третиот начин е продажба во аптеките.

Од втори мај околу 5.000 луѓе се запишале во списокот на конзументи на марихуана.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…