Home Актуелно Белата куќа после разговорот меѓу Пенс и Заев: Приоритет да ви бидат евроинтеграциите

Белата куќа после разговорот меѓу Пенс и Заев: Приоритет да ви бидат евроинтеграциите

Американскиот потпретседател Мајк Пенс ја нагласи континуираната поддршка на САД за евроатлантските аспирации на Македонија и го охрабри Заев приоритет да им даде на реформите со кои Македонија ќе напредува на овој пат, соопшти Белата куќа по телефонскиот разговор на американскиот потпретседател Мајк Пенс со премиерот Зоран Заев.

Пенс му честитал на Заев за преземањето на функцијата на 31 мај и изразил задоволство што ќе се сретне со лидерите од Западниот Балкан на самитот на Јадранската група во Подгорица, Црна Гора, на 2 август.

По 15минутниот телефонски разговор што се случил на барање на американскиот потпретседател, Заев на Твитер објави дека Пенс ги поддржал реформите во Македонија и дека пренел поздрав од претседателот Доналд Трамп.

И Пенс објави на Твитер дека разговарал со Заев за да му честита за новата позиција. Во објавата тој изразува задоволство што ќе го сретне Заев на Самитот на Јадранската група.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…