Home Актуелно Временска прогноза за наредните пет дена

Временска прогноза за наредните пет дена

Денес е вторник, 4 јули 2017 година, 185-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 04:59, а ќе зајде во 20:15 часот. Денот ќе трае 15 часа и 16 минути.

Ова утро во поголем дел од Македонија имаме претежно сончево и свежо утро. Зголемена облачност имаме во дел од западните и северозападните предели како и во североисточните и источните предели. Облачност која што во наредните часови ќе се намалува.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во среда по свежото утро со утрински температури од 6 до 16 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време со пораст на дневните температури кои што ќе се движат од 23 до 34 степени. Сончево и топло време со пораст на максималните температури ќе имаме и во четврток и петок кога утринските температури ќе се движат од 8 до 18 односно од 9 до 19 степени, додека пак максималните дневни од 25 до 36 степени во четврток и од 28 до 38 степени во петок. Првиот ден од новиот викендот ни носи сончево и многу топло време со температури кои што за некој степен ќе го надминат повеќегодишниот просек и ќе се движат од 29 до 39 степени.

Weather4all.com.mk

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…