Home Актуелно Собранието го изгласа законот за укинување на екстерното тестирање

Собранието го изгласа законот за укинување на екстерното тестирање

Сите присутни 64 пратеници во Собранието денес ги изгласаа законите за укинување на екстреното тестирање. Се работи за законите за основно и за средно образование и законот за наставници во основните и средни училишта. Законите се донесени по скратена постапка, а  гласањето беше според принципот на Бадентер.

Предлагачите на законот од пратеничката група на СДСМ велат дека со оваа одлука се става крај на една долгогодишна лоша реформа во образованието.

Ова беше една лоша реформа за која учениците и наставниците протестираа, кампуваа и повикуваа на нејзино укинување, со цел да добијат поквалитетно образование.Оваа реформа не е отфрлена заради тоа што учениците не сакаат да учат, туку зашто е беспредметна и наметната. Сакам да им честитам на сите Пленумци што истрајаа во напорите и конечно го дочекаа овој ден. Ова е прва победа на парламентарното мнозинство, рече пратеничката Ивана Туфегџиќ.

Воедно пратениците ги донесоа измените за дополнување на изборниот законик со кој локалните избори се одложуваат или треба да се оддржат во првата половина на октомври. Со ова законско решение се пролонгира мандатот на градоначалниците и на советите на општините.

Седницата и комисиската расправа поминаа без пратениците на ВМРО ДПМНЕ  кои го објаснија отсуството со нападот врз министеро Никола Тодоров.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…