Home Актуелно Најмалку 80 загинати во експлозија во близина на германската амбасада во Кабул

Најмалку 80 загинати во експлозија во близина на германската амбасада во Кабул

Во експлозија на автомобил бомба во близина на германската амбасада во Кабул загинаа најмалку 80 лица, а повредени се околу 350.

Нападот се случил во дипломатскиот кварт на Кабул, во утринскиот сообраќаен шпиц. Целта на нападот засега не е позната. Според наводи на француската влада, оштетени се германската и француската амбасада. Од германски безбедносни кругови се вели дека сѐ уште не е јасно дали има повредени Германци во амбасадата. Можно е да има повредени Авганистанци кои работеле во амбасадата.

Експлозијата била толку силна, што предизвикала оштетувања и на прозорците и вратите на објектите кои се оддалечени и неколку стотини метри. Со оглед на големиот број повредени, се стравува дека бројот на жртвите ќе се зголемува.

Одговорност за нападот досега нема преземено никој. На крајот на април талибанците почнаа пролетна офанзива и ги засилија своите напади. Кабул, инаку, е постојано цел на напади на радикални исламистички бунтовници. На почетокот на мај, во бомбашки напад врз странски војници, загинаа најмалку осум лица. Тогаш одговорност за нападот презеде џихадистичката милиција „Исламска држава“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…