Home Актуелно Уште една регулатива против избегнувањето на даноци усвоена од Советот на ЕУ

Уште една регулатива против избегнувањето на даноци усвоена од Советот на ЕУ

Советот на Европската унија (ЕУ) ја прифати директивата за борба против избегнувањето на даноци од корпорациите, со која се цели затворањето на т.н. хибридни недоследности со даночните системи на трети земји, соопштуваат од Советот.

Директивата беше усвоена на Советот за конкурентност на ЕУ на 21 февруари годинава, а Европскиот парламент (ЕП) даде одобрение на крајот на април.

Новото законодавство има за цел да ги спречи механизмите преку кои меѓународните корпорации имаат корист од законските недоследности меѓу даночните јурисдикции, за да се намалат даночните обврски.

Нашата цел е да се справиме со една од основните практики на мултинационалните компании за намалување на нивните даночни сметки, коментира министерот за финансии на Малта, Едвард Шиклуна, чија земја во моментов претседава со ЕУ.

Директивата на пракса ги затегнува правилата кои ЕУ ги усвои порано во минатата година, за да се избори со најраспространетите форми на даночно избегнување. Со неа се потврдува и апликацијата на препораките на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Земјите членки имаат рок до 1 јануари 2020-та година да ја имплементира директивата во националното законодавство.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…