Овој расипан авион на аукција е продаден за 430.000 долари – дознајте ја причината


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако повеќе од 30 години стоеше на пистата Росвел, во Ново Мексико, приватниот авион кој некогаш беше сопственост на „кралот на рок музиката“, Елвис Присли, и неговиот татко Вернон, на аукција во Калифорнија е продаден за 430.000 долари.

Голем дел од ентериерот на авионот го дизајнирал лично Елвис. Оттогаш авионот не е адаптиран, што значи дека е во иста состојба во каква го оставил рок-ен-рол кралот.

Исто така, тоа е единствениот авион од Присли кој и понатаму е во приватна сопственост. Другите два авиони се во сопственост на музејот „Елвис Присли“.

Овој авион е еден од само 204 примероци произведени помеѓу 1957 и 1978 година, во приватниот проект на Jetstar и Lockheed. Меѓутоа, овој авион нема мотор, а кокпитот не е реновиран.