Денес променливо облачно со сончеви периоди


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Времето во недела ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Пладне локално ќе има нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Наместа се очекува процесите да бидат поизразени, локално и во форма на невреме.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени. Во наредните денови ќе има само делумно и стабилизирање на времето, но наместа сеуште е можен развој на нестабила облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Температурата на воздухот ќе биде во пораст, а од наредниот викенд повторно ќе опаѓа.