Home Актуелно Ивица Дачиќ: Живаљевиќ требаше да извести дали српски државјани беа дел од упадот во Собранието

Ивица Дачиќ: Живаљевиќ требаше да извести дали српски државјани беа дел од упадот во Собранието

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ во четврток изјави дека припадникот на БИА, Горан Живаљевиќ со влезот во македонското Собрание ноќта кога во него упаднаа демонстранти не ги прекршил дипломатските протоколи и само ја вршел својата работа.

Не учествувал во кривично дело, само известуваше за ситуацијата во Македонија, бидејќи Србија мора да знае како таа ситуација може да се одрази врз националните и државните интереси, рече Дачиќ пред новинарите во Белград.

Тој додаде дека ноќта на 27 април, поточно крвавиот четврток немало српски граѓани во Собранието.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…