Home Вебкафе Стравичен судир на Наскар – три автомобили во пламен (видео)

Стравичен судир на Наскар – три автомобили во пламен (видео)

Стравична несреќа, во која гореа три автомобили, се случи на трката во Наскар купот. Сударот на автомобилите се случи во 199 круг. Џо Логано со своето возило удри во автомобилот на Деника Патрик, а по сударот нивните возила останаа на патеката, кога во полна брзина на нив налета Ерик Алмирола.

Автомобилите се запалија, но за среќа инцидентот мина без жртви.

Деника Патрик и Џо Логано од своите автомобили излегоа неповредени, додека Алмирола од возилото го извлече обезбедувањето, а потоа веднаш е хоспитализиран.

Алмирола се здобил со тешки повреди, но се наоѓа во стабилна состојба.

„Фрустрирана сум. Кога чувствувам дека работите се движат во вистинска насока, секогаш се случува некаква несреќа. Алмирола не мина добро и се надевам дека со него сè ќе биде во ред“, рекла Деника Патрик.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Како да се преживее секојдневниот хаос: мини водич за деновите кога сè оди наопаку (ама ние сè уште истрајуваме)

ДА ГО ПРЕЖИВЕЕШ СЕКОЈДНЕВНИОТ ХАОС: МИНИ ВОДИЧ ЗА ОНИЕ ДЕНОВИ КОГА Сѐ ОДИ ПО НАГОРНИЦА (АМ…