Home Спорт Наредба од Ким Јонг-ун: Создадете нов Меси!

Наредба од Ким Јонг-ун: Создадете нов Меси!

Севернокорејскиот диктатор Ким Јонг го сака фудбалот и сега цврсто решен неговата држава да просперира на тоа поле.

Ким Јонг има желба Северна Кореја наскоро да создаде фудбалер кој ќе биде најдобар во светот, а вети и помош на младите играчи за некој од нив да го достигне нивото на Меси, па дури и да го надмине.

„Ги тренираме младите фудбалери за да создадеме нов Меси, тоа е нашата задача. За сега имаме цел да доминираме во Азија и тоа во блиска иднина, а подоцна и во светот“, амбициозно порача Ри Ју Хе, тренерот на младинската школо во Пјонгјанг.

Северна Кореа во овој момент се наоѓа на 126 место на ФИФА ранг листата, а планот на Ким е да биде најдобра во Азија. Со оглед на конкуренцијата во Јужна Кореја, Јапонија и останатите селекции на тој континтент, таа задача изгледа тешко остварлива.

Најпознатиот фудбалер од Северна Кореа кој настапувал во Европа е Јонг Тае Се кој едно време настапуваше за германски Бохум, а најголемиот успех на оваа репрезентација во поново време е учеството на Светското првенство во 2010 година.

Оваа репрезнетација играше еднаш играше и четвртфинале на едно Светско првенство, но тоа беше далечната 1966.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Џесика Алба ги избриша фотографиите за Ноќта на вештерките по критиките за маската на Ненси Кериган

Џесика Алба предизвика поделени реакции со маската за Ноќта на вештерките во 2026 година. …