Home Спорт Модриќ се враќа во Премиер лигата!?

Модриќ се враќа во Премиер лигата!?

Трансфер гласините во англиските медиуми тврдат дека плејмејкерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ би можел да се врати во Премиер лигата ова лето.

Наводно силен интерес за Модриќ покажуваат актуелниот шампион Челзи, Арсенал и Манчестерските клубови. Шпекулациите додатно се задисија после информациите дека Реал е спремен да го продаде Хрватот бидејќи сака да ја подмлади соблекувалната.

Модриќ во септември ќе наполни 32 години, па иако е важен дел од формацијата на Зидан, сепак претседарелот Флорентино Перез е наводно спремен да го продаде додека сеуште може да заработи добра сума на неговото заминување.

Покрај англиските клубови за Модриќ интерес покажуваат Баерн Минхен и ПСЖ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…