Home Шоубизнис Славниот режисер снима филм за рускиот претседател Владимир Путин

Славниот режисер снима филм за рускиот претседател Владимир Путин

Холивудскиот режисер Оливер Стоун снима филм за рускиот претседател Владимир Путин, кој, како што се верува, ќе ги „отвори очите на Американците“ за поинакво гледиште.

„Филмот отвора целосно гледиште за кое, ние Американците, не сме чуле“, изјави Стоун во интервју за весникот „Сиднеј морнинг хералд“.

Познатиот режисер наведе дека во филмот ќе бидат прикажани односот на Путин кон настаните во светот откако првпат беше избран за претседател во 2000 година.

„Господинот Путин е еден од најважните светски лидери и со оглед на тоа дека САД го прогласија за непријател, голем непријател, мислам дека е многу важно да чуеме што има тој да каже“, вели Стоун.

Тој дополни дека со Путин се сретнал неколкупати и разговарале за Едвард Сноуден и дека и тоа ќе биде ставено во филмот.

Стоун е троен добитник на наградата Оскар.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …